Volvo V40

Урбан стил на отворен пат

Чистиот скандинавски дизајн и кабината дизајнирана за благосостојба го прават V40 хечбек кој се разликува од другите.

Дизајниран за живот во град

Volvo V40 е компактен хечбек кој е совршено дизајниран за живот во град. Со агилно управување, внатрешна разновидност и паметна технологија кои ќе Ви го направат животот полесен, V40 е совршен сопатник на Вашите патувања.

Поддршка за возачот

Park Assist Pilot

Нашиот удобен Park Assist Pilot го прави паркирањето пријатно. Го мери паркиралиштето и го паркира Вашиот автомобил со преземање на управувачот. Се користи за паралелно паркирање и, исто така, може да помогне при излегување од тесен паркинг простор.

Поврзете се со Вашиот автомобил

Внатрешност

Премиум доживување во кабината

City Weave навлаките го нагласуваат урбаниот скандинавски изглед на V40. Ретровизорот без рамка и опционалниот сончев кров креираат просторно светилиште, поврзувајќи Ве со околината - дури и кога сте внатре.
 
Агилно ракување

V40 е автомобил создаден да Ве возбуди секој пат кога ќе го возите. Брз и агилен, со лесно ракување, тоа е спортски автомобил за низ град.

Drive-E агрегати

Најнапредните Drive-E агрегати и напредната трансмисија даваат моќен одзив и ниска потрошувачка на гориво и емисија на гасови.

D4

Нашиот софистициран D4 Drive-E погон со 190hp / 400Nm овозможува да уживате повеќе при користење помалку гориво. Користејќи најсовремена дизел моторна технологија, D4 е дизајниран да Ви даде најефикасно и уверено возачко искуство. Ефикасноста и префинетоста на овој мотор го прават совршен избор за деловни корисници.
 

Одберете го Вашиот стил

Inscription

Чист, софистициран луксуз со напредна безбедност и удобност.

R-Design

Совршена комбинација помеѓу задоволство и перформанси.

Cross Country

Урбаниот стил споен со авантура.