Volvo V90

Добриот изглед и функционалоста во хармонија

Софистициран автомобил кој одговара на Вашиот животен стил, без оглед на приликата.

Формата споена со функционалноста

Луксузниот автомобил, подобрен

Продолжувајќи го гордото наследство на автомобилите на Volvo, новото V90 е икона за моторни возила што е повторно измислена за 21 век. Комбинирајќи стил и генијалност со чистотата на формата, неговата функционалност го олеснува Вашиот живот. Во внатрешноста, кабината располага со контроли налик на скапоцени камења и екран на допир со големина на таблет, овозможувајќи напредна технологија на дофат на Вашите прсти. Тоа е елегантен простор кој ја поддржува Вашата благосостојба.

Поддршка за возачот

Pilot Assist

"За полесно возење, полуавтономното возење на Pilot Assist го дополнува адаптивниот темпомат со додавање нежна поддршка на управувачот за да му помогне на автомобилот да е центриран во својата лента и со одредена брзина или оддалеченост од автомобилот напред. Pilot Assist може да биде активен до брзините прилагодени за автопат. Ако не ја држите раката на воланот, Pilot Assist автоматски се исклучува. Pilot Assist  е дел од IntelliSafe Assist.

Ве молиме запомнете: Возачот секогаш е одговорен за тоа како се контролира автомобилот, како и за одржување на точната дистанца и брзина, дури и кога се користи Pilot Assist. Полуавтономните системи, како што е Pilot Assist, се ограничени за тоа колку сила за забрзување, сопирање и управување може да применат. "
 

Поврзете се со Вашиот автомобил

Bowers & Wilkins

Без разлика на кое седиште седите, нашиот Premium Sound by Bowers & Wilkins аудио систем Ви овозможува да ја слушнете музиката што ја сакате онака како што уметниците ја направиле. Револуционерната високотонска технологија и уникатниот сабвуфер со воздушен вентил даваат кристално јасно, моќно доживување на звукот.

Возење

Одберете го Вашиот стил

Inscription

Искусете го модерниот скандинавски луксуз.

R-Design

Совршена комбинација на возно задоволство и перформанси.

Cross Country

Авантура со стил.